1.1K
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека до МВР има стигнато пријави за лажни сертификати за вакцинација за Ковид 19 и се води постапка.
-Постојат група на луѓе кои секогаш бараат начин како да ги заобиколат правилата, не водејќи сметка дека директно ги загрозуваат и своите блиски. И овде има одредени пријави, дали директно до МВР, дали на мејл до Секторот за компјутерски криминал. Веќе имаме отворено предмет дека е можно да има злоупотреба и лажни сертификати. За лажни сертификати досега немаме поднесено кривична пријава, но има постапка и се работи, рече Спасовски.