Од 30 до 35 пешаци во државата годишно гинат во сообраќајни несреќи, покажува статистиката на МВР. Особено небезбедни се младите лица кои додека се движат низ улици и преминуваат пешачки премин пишуваат или разговараат на мобилен телефон.
Денеска во рамките на кампањата „И јас и ти сме пешаци“ организирана од МВР, Републичкиот совет и Факултетот за безбедност, во Битола беа упатени апели да не се користат мобилни телефони и слушалки додека пешаците минуваат на пешачки премин и да се преминуваат улиците само на места означени за таа намена.
-Постојано да се зборува со младите луѓе, зашто тие понекогаш несвесни за опасностите преминуваат улица надвор од пешачки премин, невнимателно користат мобилни телефони и тоа ги загрозува нив, но и тие ги загрозуваат другите учесници во сообраќајот. Затоа работиме со превентивни активности во средните учлилишта и факултетите, рече деканот на Факултетот за безбедност Никола Дујовски.