МВР: Во насилните протести повредени се седум полицајци и приведени 25 лица

by Fokus

Седум полицајци се повредени во насилните протести што вечерва се случија пред Собранието на Македонија, соопшти МВР. Полицијата приведе 25 демонстранти.

„Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во текот на вечерашниот јавен протест во Скопје, пред зградата на Собранието, дел од демонстрантите употребија распрскувачки средства и насилно ја турнаа заштитната ограда, истовремено обидувајќи се насилно да влезат во Собранието. Со цел да се спречи ескалирање на ситуацијата и насилен упад во Собранието, а постапувајќи согласно процедурите, полицијата уопотреби солзавец“, соопшти МВР.

Поврзани новости