МВР влезе во Фондот за иновации поради скандалот со државните грантови

by fokus

МВР по налог на Јавното обвинителство за организиран криминал влегле во Фондот за иновации, дознава Телевизија 24 од извори во фондот.

Според истите извори барале докуметнти околу скандалот со државни грантови за функционери во Владата.

Јавното обвинителство во понеделникот по допрен глас отвори постака за доделувањето на државна помош на фирмата Катинвест, чиј коспотвеник е вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Грантови добиле и фирмите на пратеникот Хари Локвенец и на снаата на советничката Цветканка Ласкова.

Поврзани новости