МВР утврдува дали има кривично дело за објектот кај Мавровка за кој уште не се кој го гради

by Frosina Fakova

Единицата за економски и компјутерски криминал од СВР Скопје утврдува дали има кривично дело бесправно градење во случајот со градбата која никна на местото на терасата на кафулето „Фонтана“ кај ТЦ „Мавровска, соопштија од МВР.

За активностите на полицијата известено е и скопското обвинителство.

-Единицата за економски и компјутерски криминал и понатаму презема мерки и активности во координација и по насоки на ОЈО Скопје, а по завршување на активностите и комплетирање на документацијата до ОЈО – Скопје ќе достави соодветен поднесок, за што дополнително ќе биде известена јавноста, велат од МВР.

Објектот кај Трговскиот центар Мавровска почна да се гради откако изгоре кафулето Фонтана, но засега никој не знае кој е инвеститорот и кој гради.

Поврзани новости