МВР утре ќе ја „ослободува“ Американската амбасада

by fokus

Припадниците на МВР во текот на утрешниот ден ќе одржат заедничка вежба за итна реакција со амбасадата на САД во Скопје. Бидејќи вежбата ќе се одржи во кругот на амбасадата, од МВР ги информираат граѓаните дека може да се слушнат сирени за итни случаи и аларми, но да не се вознемируваат бидејќи тоа е дел од сценариото.

-Вежбовните активности ќе вклучат наизменично затворање на улиците и пренасочување на сообраќајот во близината на амбасадата на САД во текот на утрото. Заедничката вежба ќе им овозможи на МВР и на Амбасадата на САД поефикасно да ги координираат активностите во случај на вонредна состојба, информираат од МВР.

Поврзани новости