898
Скопската полиција трага по познатиот македонски бизнисмен Штерјо Наков, дознава НетПрес од извори од Министерстово за внатрешни работи.
Според првичните неофицијални информaции, 74- годишниот сопственик на „Фершпед“, исчезнал пред неколку часа, а исчезнувањето го пријавило неговото семејство.
Пред девет години Штерјо Наков се повлече од позицијата генерален менаџер на „Фершпед“ по 20 години на чело на најголемата шпедитерска компанија во земјата, чијашто приватизација беше изведена во 1990-те години.
Се смета за вториот најбогат човек во Македонија за 2012 и 2014 година.