508
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) излегоа со официјално соопштение за инцидентот што денеска се случи пред Министерството за здравство, кога беше пукано во екс министерот за здравство Никола Тодоров.
-Денеска (01.06.) околу 12 часот пред објектот на Министерството за здравство во Скопје, според првичните сознанија лицето Љ. С.(60) од село Долно Каласлари, велешко испукал два проектили од пиштол кон поранешниот министер за здравство Н.Т. кој не е повреден по нападот.
Од страна на полициски службеници Љ.С. е приведен на местото на настанот, каде што eпронајдена една чаура. Истрагата е во тек и се работи на целосно расчистување на случајот, се наведува во соопштението на МВР.