Министерството за внатрешни работи соопшти дека во наредните денови ќе има зајакнати безбедносни мерки, поради можни напади од ИСИЛ.
„Со оглед на глобалните терористички закани во кои што цели се и верски објекти (како што беа неодамнешните напади во Египет), потоа таргетирањето на земјите од Балканот, меѓу кои и Република Македонија, а вклучително и масовните собирања на граѓани, од страна на терористичката ИСИЛ, МВР ќе ги зајакне безбедносните мерки и активности во наредните денови на целата територија на државата“, соопштија од МВР.
Од министерството велат дека во пресрет на претстојните Велигденски празници ќе преземат низа безбедносни мерки и активности.
„Мерките се согласно соодветните оперативни планови за работа, за непречено одвивање на истите, како и во насока на заштита на јавниот ред и мир, и безбедноста на објектите и на граѓаните“, се вели во нивното соопштение.