МВР објави дека со меѓународна потерница го бара поранешниот адвокат Александар Ристески како осомничен за предизвикување на пожар во Адвокатската комора, односно за „истрага за сторено кривично дело по чл. 292 ст.1, а во врска со чл.288 ст.3 в.в. ст.1 од Кривичен законик.“
Неколку недели пред пожарот комората донела дисциплинска мерка за одземање на неговата лиценца на три години.
Обвинителството вчера отвори истрага, а причинетата штета од пожарот се проценува на околу 150 илјади евра. На критичното утро, според обвинителството, осомничениот со сопственото возило дошол во близина на зградата каде се сместени просториите на Адвокатската комора, маскиран со “фантомка”, а со секира ја скршил влезната врата. Наредил коцки керозин на скалите, а врз нив ставил повеќе плински боци и со употреба на плинската запалка ги потпалил.
Осомничениот триесетина минути после пожарот ја напуштил државата на граничниот премин Блаце. Тој се товари за тешки дела против општата сигурност.