МВР со детали за вчерашниот пожар во Дебар Маало: Еден стан изгоре, осум се оштетени

by Fokus

Министерството за внатрешни работи денеска излезе со детали за вчерашниот пожар кој беснееше во „Дебар маало“, –

Според информации од полицијата, вчера во 12.15 часот во Единицата за информации и команда Скопје, вработен во Бригадата за противпожарна заштита пријавил дека спроти Министерството за одбрана на ул.„Дане Крапчев“ бил опожарен стан сопственост на Б.З.О., кој најверојатно се запалил од дефект од неисправен бојлер. Од екипа на Бригадата за ппротивпожарна заштита Скопје пожарот бил ставен под контрола. Повредени лица нема, а од пожарот станот бил целосно опожарен

Во информациите од билтенот додаваат дека два стана на истиот кат биле исчадени, а шест стана биле оштетени од водата при гаснење на пожарот.

Поврзани новости