МВР со детали за случајот со семејно насилство во домот на Глигоров: Му го одзедовме пиштолот со кој се закануваше дека ќе се убие

by Fokus

Министерството за внатрешни работи целосно ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за криење и заташкување на пријавен случај за семејно насилство во врска со генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров.

„Вистината е дека СВР Скопје постапило и за овој случај по сите процедури, како впрочем и за сите други случаи. Имено, по добиена пријава од Љ.Г. на 17.11.2023 веднаш полициски службеници излегле на местото на настанот. Љ.Г. на полициските службеници им кажала дека по вербалната расправија З.Г. се заканувал дека ќе си го одземе животот со пиштол. Од страна на полициски службеници преземени се мерки и активности и на З.Г. му бил одземен пиштолот за понатамошна постапка.

Апелираме до ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири лаги и да ја вознемирува јавноста“ соопшти МВР.

Поврзани новости