142
На 08.01.2024 во СВР Штип е пријавено дека во свињарска фарма во село Амзабегово, светиниколско, околу 10.30 часот додека извршувал работни задачи во фармата, починал О.Т.(46) од с.Амзабегово, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош Свети Николе, додека С.Ј.(53) од истото село со знаци на труење бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител, увидна екипа од ОВР Свети Николе, инспектор за труд, инспектор за заштита на животна средина и од Агенцијата за храна и ветеринарство. Телото на починатиот е дадено на обдукција.