МВР со детали за акцијата во „Диво Насеље“ и Скопје

by fokus

Денеска и Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, но и МВР излегоа со соопштение за акцијата која се вршеше во кумановско Диво Насеље и во Скопје. Од Обвинителството објавија дека се осомничени двет лица, од кои двајца полицајци и петмина цариници, а во соопштението на МВР е додаден уште еден полицаец кај кој бил пронајден кокаин.

-По преземени повеќемесечни мерки и активности по насока на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога во содејство со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје спроведена е голема акција со претреси на повеќе локации во Куманово и Скопје, при што се лишени од слобода десет лица, и тоа Б.А.(35), М.А.(40), И.А.(45), И.Ф.(47), А.А.(43), сите од Куманово, А.Ж.(53), Т.Т.(54), Д.К.Ш.(43), Џ.Ш.(36), од Скопје и Љ.Љ.(36) од Тетово, меѓу кои тројца полициски службеници и петмина царински службеници.

Деветмината се сомничат дека извршиле кривично дело „криумчарење“ од член 278, а тројца од нив дека сториле и кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл.215 од Кривичниот законик, додека при претрес кај А.А. бил пронајден и одземен кокаин, информираат од МВР.

Отаму појаснуваат дека во текот на месец ноември 2021 година четворица од нив, меѓу кои два полициски службеника, во два наврата учествувале во неовластено пренесување заради продажба на прекурсори, од царинската испостава на Меѓународен аеродром Скопје до зелениот појас во близина на државната граница помеѓу нашата држава и Р.Косово.

-Притоа, осомничените царински службеници постапиле спротивно на нивните службени надлежности и не извршиле соодветна контрола на стоката согласно декларираната, велат од МВР.

Поврзани новости