МВР: Сите сообраќајни ленти за контрола на патници на ГП Богородица се во функција

by fokus

По реакцијата на граѓани дека на граничниот премин Богородица, има километарски колони од возила и дека за излез од државата се чека и по два часа, од МВР за ,,Фокус” велат дека на граничниот премин се работи со полн капацитет.

– На ГП Богородица се работи со полн капацитет. Сите сообраќајни ленти наменети за контрола на патници се во функција, се со цел непречено и брзо извршување на потребната контрола за излез од Северна Македонија. Во моментот времето на чекање не е подолго од 30 минути.

Утринава граѓани ни испратија фотографии на кои се гледа огромна гужва, а дел сведочеа дека по повеќе од два часа чекање успеале да влезат во Грција.

В.В.

Поврзани новости