Утрово околу 10.00 часот лицето Ш.С.(48) од село Глумово сопиштол извршил убиство на три лица, додека едно лице е рането и е пренесено на лекување на скопските клиники, соопштија од МВР.
Од полицијата велат дека сторителот пукал во три лица на ул.„П.Гиновски“. Од нив две починале, М.С. (33) и А.С. (20), двајцата од с.Глумово, додека третото лице, чиј што идентитет се уште е непознат, е рането и е пренесено на болничко лекување.
После тоа, сторителот заминал во с.Глумово каде што пукал во лицето А.Б.С. (56) од с.Глумово, кое исто така починало. Потоа сторителот заминал од местото, а при обид да бидеприведен од полициски службеници од единицата Алфа, тој извршил самоубиство.
При вршење увид покрај него бил пронајден пиштол Астра А-80, кој е подигнат за вештачење.
Според првичните информации од истрагата причина за немилиот настан се семејни недоразбирања. Сторителот, тројцата убиени и повреденото лице се членови на едно семејство, велат од полицијата.