Откако минатата недела МВР се пофали дека за полицајците набави 8.000 виндјакни, денеска соопшти дека се набавени 16.000 парчиња нови зимски и летни панталони и здолништа.
Во магацините на Министерството за внатрешни работи испорачани се вкупно 16 илјади парчиња летни и зимски панталони и здолништа за припадниците на полицијата, со вредност од 31.008.559 денари со вклучен ДДВ, а по претходно распишана јавна набавка на униформи за 2021 година.
Испорачаните парчиња вклучуваат по 6452 машки зимски и летни панталони, по 758 женски зимски и летни панталони и по 790 зимски и летни здолништа.
Согласно динамиката на испорака, како што соопштија денеска од МВР, се очекува да пристигнат високи специјални чизми и ремени со кои ќе се комплетираат испораките од спроведените јавни набавки на униформа во 2021 година.
Периодов во магацините на МВР пристигнаа и осум илјади парчиња зимски јакни за припадниците на полицијата.