МВР: „Ренџ роверот“ вчера и денеска бил во Скопје, се вршат проверки

by fokus 19:54
19:54

Возилото марка „Ренџ ровер дискавери спорт“, за кое дел од медиумите соопштија дека се наоѓа во Грција, е сопственост на МВР и вчера и денеска било во Скопје, потврдија за МИА од Министерството.

– Во врска со написите за користење на службено возило на МВР ве информираме дека споменатото возило е сопственост на МВР и е управувано од овластено лице, вработено во МВР. Возилото вчера и денеска е во Скопје, нагласуваат од Министерството.

- Advertisements -

Оттаму велат дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, согласно своите овластувања побарал Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди да му достави извештај со наоди од спроведените проверки.

– По завршувањето на проверките, соодветно ќе ја известиме јавноста и ќе бидат превземени соодветни мерки, велат од МВР за МИА.

„Нет прес“ претходно објави дека теренското возило во сопственот на МВР со регистарски таблички СК-9559-АЛ, било забележано во Грција и дека наводно го користат четири млади девојки кои летуваат во популарниот камп „Евридки“.

Поврзани новости