5
Изминатата вечер, Министерството за внатрешни работи (МВР) спроведе успешна акција и разби терористичка група која делувала во струшко-гостиварскиот регион, соопштуваат од МВР за Фокус.
Како што наведуваат од полицијата, групата била активна на територијата на овие две општини.
Полицијата уапсила неколку лица, кои се осомничени за терористичко делување, а по акцијата, се очекува официјално соопштение со детали за операцијата.з
Од Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја потврдија денешната акција.
” По наредба на јавен обвинител МВР се уште постапува на терен, се извршуваат претреси и се прибираат докази, кривичната пријава се очекува во текот на вечерта, повеќе детали ќе има во текот на утрешниот ден”.