390
Премиерот Димитар Ковачевски тврди дека безбедносната состојба во земјава е стабилна откако Македонија повеќе од два месеци е на мета на лажни дојави за бомби, најчето во училиштата.
„Безбедносната ситуација во земјата е стабилна, МВР целосно и успешно ја врши својата работа за да ја гарантира безбедноста на секој граѓанин во нашата држава. Што се однесува до монструозните дојави за бомби, на ваков тип напади се изложени и соседните земји. Последните се во Црна Гора, но ги има и во Србија. Според експертите од оваа проблематика, особено се зголемени по отпочнувањето на војната во Украина. МВР со однос на дојавите за бомби дејствува со полн капацитет“, истакна Ковачевски на денешната прес конференција.