МВР пушти повеќе ленти на Табановце за да се намалат колоните возила за влез во Србија

by fokus

Од Стопанската комора му се заблагодарија на МВР бидејќи на граничниот премин Табановце пуштиле во функција повеќе ленти, поради што за кратко време се растелетила гужвата. Утринава напливот на возила за излез од Македонија се случи поради тоа што стотина бизнисмени и нивни вработени, но и останати граѓани одат во Белград на вакцинација против Ковид-19.

-Благодарност до Министерство за внатрешни работи за брзото постапување по барањето на Комората, за пуштање на повеќе ленти за возила на ГП Табановце, со цел брз проток на патници, поради акцијата на Стопанската комора на Северна Македонија за имунизација од КОВИД-19 на претставниците од бизнис заедницата.

На ГП Табановце сообраќајот се одвива непречено и без застои, велат од Комората.

Поврзани новости