МВР: Приведени се 39 лица поради непочитување на полициски час, а 33 се казнети, не носеле маска

by Fokus

Во текот на изминатото деноноќие по однос на забраната за движење  евидентирано е дека на ниво на целата држава 52 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 39 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 33 прекршоци.

За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на 34 лица им се издадени решенија за изолација, а 16 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Поврзани новости