МВР: Приведени се 17, a 25 лица не ја почитувале забраната за движење

by Fokus

Во текот на изминатото деноноќие  според статистиката на МВР за периодот по однос на забраната за движење на ниво на целата  држава 25 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 17 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така според статистичките податоци  за изминатото деноноќие на  27 лица им се издадени решенија за изолација, а 138 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека  едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација.

Поврзани новости