563
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на земјава на 511 лице им се издадени решенија за изолација, а 70 лица потпишале изјави за самоизолација.
По однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 318
прекршоци.
Исто така, по однос на забраната за движење, во текот на изминатите 24 часа
евидентирано е дека на ниво на целата држава 204 лица не ја почитувале
забраната за движење, при што приведени/лишени од слобода се 180 лица, а за
останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација
и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за
изолација и самоизолација.