740
Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек за потрага денеска во 14:30 часот го приведоа С.О. (49), кој се барал со потерница, за издржување казна затвор по член 418 б ста 2 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија во времетраење од четири години и шест месеци, информира МВР.
Во соопштението се посочува дека лицето ќе биде предадено во казнено поправна установа „Затвор Куманово“.