МВР: Прифатниот центар за странци нема никаква врска со мигрантите

by Fokus

Прифатниот центар за странци е наменет за привремено задржување на странци во случаи кога се исполнети условите содржани во одредбите на Законот за странци односно за сместување на странци кои не можат да се отстранат од територијата на државата во рок од 24 часа, од кои било причини, па се сместуваат во него во период од неколку дена, додека да се создадат услови да биде отстранет од земјата, и нема никаква врска со мигрантите, велат од Министерството за внатрешни работи за МИА.

-Моментално во Прифатниот центар се наоѓаат 11 лица, од кои девет мажи и две жени (Гамбија -3, Косово -3, Пакистан -2, Сенегал -1, Турција -1, Португалија -1). Најчесто станува збор за сезонски работници на кои им истекла дозволата за работа или престој, забавувачи во угостителските објекти без пријавен престој во државата, лица кои се затекнале тука без документ за идентификација и сл., велат од МВР.

Според МВР прифатни центри за странци има во секоја држава и тие апсолутно немаат врска со мигрантите, како што одредени медиуми повремено ја дезинформираат јавноста, пласирајќи лажни вести.

-За таа намена во државата функционираат два транзитните центра во Гевгелија и Табановце, кои се од исклучиво транзитен карактер и кои немаат никаква допирна точки со Центарот за странци, нагласуваат од МВР.

 

 

Поврзани новости