Во пресрет на фудбалскиот натпревар помеѓу нашата национална репрезентација и репрезентацијата на Косово што ќе се одигра на 8-ми октомври на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје во рамки на Лигата на Нации, МВР соопшти декасе преземени сите потребни безбедносни здравствени мерки за негова организација.
-Преземени се сите мерки и активности за гарантирање на безбедноста на фудбалерите и другите учесници од пристигнувањето во Скопје, за време на натпреварот и по одигрување на мечот. Во соработка со здравствените власти се преземени сите потребни мерки за почитување на протоколите за заштита од ширење на ковид – 19, соопштија од МВР.
Согласно препораките на Државниот здравствен и санитарен инспекторат и Одлуките на Владата, на натпреварот нема да има публика, а МВР апелираме граѓаните да не се организираат за заедничко следење на натпреварот.
Исто така, од МВР упатуваат апел и до навивачките групи да не го нарушуваат јавниот ред и мир, бидејќи инциденти, употреба на говор на омраза или други нарушувања на јавниот ред и мир најстрого ќе се санкционираат.