738
Полицијата вчера извршила претрес на две локации кај Љупчо Палевски и, како што тврди тој, барале „бомби“.
Палевски во видео порака објавена денеска на неговиот профил на Фејсбук, снимена како што тврди преку стар телефон кој го нашол при што му помогнале „другари и пријатели“, вели дека вчера околу 18 часот четворица вработени во МВР му влегле во собата во хотелот „ВИП“, каде се наоѓа во државен карантин, и му ги одземале сите електронски уреди: телефонот, комјутерот, дисковите со „сериозна вредност“.
Потоа, вели тој, со возило на Брза помош бил однесен во неговата куќа, каде живеат неговата сопруга и ќерка, и таму бил направен уште еден претрес при што и таму му биле одземени сите електронски уреди.