Повредени 20 полициски службеници и приведени шест демонстранти е епилогот од денешните протести во случајот „Монструм„ информираа од МВР. Според првичните информации, досега на повреди се пожалиле 20-тина полициски службеници и неколкумина учесници на протестите и на сите им е укажана соодветна медицинска помош.
– Приведени се шест лица. МВР врши увид нa снимките од министерството, но и на снимките кои досега ги објавиле медиумите. Според нивните сознанија, демонстрантите биле на различна возраст, но повеќе детали засега не се познати за полицијата.
Против лицата кои ќе се идентификуваат, ќе се поднесат кривични пријави. Се уште не се знае кој е организатор на протестот, бидејќи настанот не бил пријавен – истакна Иво Котевски на денешната прес – конференција.
Од МВР апелираа до сите граѓани да не потпаѓаат под влијание на оние лица кои шират говор на омраза.