МВР поведе прекршочна постапка против општините Тетово и Гостивар и градоначалниците Касами и Ганиу

by Fokus

 Министерството за внатрешни работи соопшти дека поднеле барање за поведување постапка против општините Тетово и Чаир и против нивните градоначалници Билал Касами и Висар Ганиу. 

„Денес Министерството за внатрешни работи, поточно Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал, во координација со Секторите за внатрешни работи Скопје и Тетово до надлежните Основни судови поднесе барања за поведување на прекршочна постапка против правните лица Општина Чаир и Општина Тетово и одговорните лица во овие правни лица, градоначалниците на овие општини В.Г. и Б.К“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

 Од полицијата соопштија дека при посетата на косовскиот премиер не бил почитуван законот за употреба на грбот, знамето и химната.

„За време на официјалната посета на косовската делегација на нашата држава, предводена од претседателот на Владата на Косово Албин Курти, при организираниот пречек на 11.08.2023 на ул.„Ферид Мурати“ во Скопје и на Градскиот плоштад во Тетово, не е постапено согласно Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Северна Македонија. Односно за време на манифестациите организирани по тој повод не е интонирана државната химна и не е поставено државното знаме на Република Северна Македонија, со што е сторен прекршок по чл.30 од истиот закон“, соопшти министерството за внатрешни работи.

од полицијата велат дека продолжува со потрага по лицето кое на една од манифестациите вееше знаме на голема Албанија и по негово пронаоѓање против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Поврзани новости