1.1K
Во зградите близу трговскиот центар „Мавровка“ во центарот на Скопје, во тек е спасувачка акција на пожарникари и полицajци кои се обидуваат да спасат млад маж кој наводно сака да скокне од зграда.
Спасувачките екипи преговараат со лицето во обид да го разубедат, а околу зградата поставија и душек.
Од МВР за „Фокус“ ја потврдија оваа информација.
-На 08.06.2021 год. во 08,10 час. пријавено е дека на ул.Филип 2 , кај Мавровка, НН машко лице качено е на покривот од зградата и се заканува дека ќе се фрли од истата, На терен се полициски службеници и се преземаат мерки, се вели во одговорот на МВР за „Фокус“.
На терен е присутна и екипа на Брзата помош.
С.Т.