Како што објави „Фокус“, во текот на ноќта било опожарено возилото на Драги Митковски – Книга, десната рака на актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска.
Од МВР потврдија дека имало пожар во возилото на Митковски, „мерцедес А класа“, кое е во сопственост на Сметководственото биро ММ, чиј управител е токму тој.
„На 09.08.2024 во 03.05 часот од Бригадата за противпожарна заштита – Скопје во СВР Скопје е пријавено дека на територија на општина Ѓорче Петров било опожарено патничко моторно возило „мерцедес а класа“ со скопски регистерски таблички, сопственост на правно лице од Скопје. Од пожарот зафатени се и патничко моторно возило „хјундаи“ и „сузуки свифт“ во делот на браниците и ретровизор”, велат од МВР.
„Фокус“ располага со одредени информации за тоа кој може да стои зад опожарувањето на возилото на Митковски, но но ќе почекаме да добиеме и официјална потврда.