299
Министерството за внатрешни работи соопшти дека денес ќе има посебен режим на сообраќајот во центарот на Скопје поради најававениот протест пред Владата за случајот со Клиниката за онкологија. Од МВР аплеираат граѓаните да ги почитуваат наредбите на полицајците и сообраќајците.
-Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска со почеток во 18.00 часот, поради одржување на јавен собир пред Владата на Република Северна Македонија, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива протестот со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот, соопшти МВР.