МВР: Полициските службеници не знаеле дека Манојлоски е пратеник

by fokus

Министерството за внатрешни работи одговори зошто пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Горан Манојлоски, бил претресуван денеска на кружниот тек во Ѓорче Петров, каде бил запрен од полициски службеници. Од МВР велат дека полициските службеници не знаеле дека Манојлоски бил пратеник и дека по проверката му било дозволено да си оди.

„Полициски службеници од ПС Ѓорче Петров биле поставени на позиција во врска со извршено кривично дело и вршени се проверки на возилата на граѓаните, а меѓу нив и на Г.М., без притоа воопшто да знаат дека станува збор за пратеник. По извршената проверка , на лицето му е дозволено да си оди без никакви пробвлеми“, велат од МВР за Фокус.

Манојлоски денеска ја напушти седницата на собраниската Комисија за труд и рече дека нема да учествува во работата на Собранието се додека не му биде одговорено зошто бил претресуван. Според него, откако го застанале полициските службеници тој им рекол дека е пратеник, но и покрај тоа, како што рече, бил замолен да излезе од возилото за да му биде извршен претрес.

Поврзани новости