МВР: Полицискиот час го прекршиле 51 лице, а 34 се приведени

by Fokus

Во текот на изминатото деноноќие  според статистиката на МВР, по однос на забраната за движење на ниво на целата  држава 51 лице не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 34 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така според статистичките податоци  за изминатото деноноќие на  72 лица им се издадени решенија за изолација, а 57 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација, две лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Поврзани новости