МВР: Полицаец и 13 лица во државен карантин на сопствен трошок

by Fokus

Од Министерството за внатрешни работи информираа за состојбата во изминатите 24 часа во однос на изолацијата и контролите спроведени од полициските службеници.

Исто така, во период од 10 дена овој месец, 13 лица, меѓу кои и еден полицаец биле спроведени во државен карантин на сопствен трошок.

„Во текот на изминатото деноноќие (21/22.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 566 лица им се издадени решенија за изолација, а 178 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, а две лица не  ја почитувале мерката за изолација и самоизолација .

Од стапување на сила на уредбата за непочитување на решенијата за изолација и самоизолација од 12.06.2020 до денеска 22.06.2020 година во државен карантин на сопствен трошок спроведени се вкупно 13 лица меѓу кои и еден полициски службеник, а против лицата ќе бидат поднесени и кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик на РСМ. Исто така, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 707 прекршоци“, информираат од МВР.

Поврзани новости