Министерството за внатрешни работи денеска поднесе кривична пријава против новинарот и уредник на Портал „Икс“, Фуркан Салиу. Како што информираат од МВР, пријавата е за кривичното дело спречување службено лице во вршење службено дејствие.
-На 11.04.2024 година од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје против лицата Н.Ј. и Ф.С. поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело ,,Спречување службено лице во вршење службено дејствие по член 382 од Кривичниот законик, информираат од МВР.
За кривичната информираше и новинарот Салиу на фејсбук.
-Само што не информираа дека МВР поднело кривична пријава за попречување на службено лице по член 382.
Најверојатно ќе се бара претрес во просторите на ПорталХ и во моето живеалиште.
Делото не верувам дека можат да го докажат меѓутоа најверојатно работата на ПорталХ ќе биде оневозможена одреден период.
Ги повикуваме сите релевантни институции, меѓународните организации добро да пазат како ќе се одвива целата ситуација, напиша Салиу.
Салиу во неделата попладне беше приведен за време на фудбалски натпревар во скопско Средно Коњари.