481
Тринаесет годишното девојче што вчера почина на градилиште во скопски Илинден паднала во ископ за темели за изградба на зграда, кој бил полн со вода, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.
„Околу 15.00 часот, од страна на локалните жители, телото на девојчето било извадено. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција. Се работи на расчистување на случајот“, велат од полицијата.
Трагедијата се случија во месноста Бигла, кога, според очевидци, девојчето влегло во дупката за да ги извлече братот и други дете кои претходно паднале.