По 11 години припадниците на специјалната полиција ја добија потребната спортска опрема, во вкупна вредност од 16,5 милиони денари, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Од МВР посочија дека припадниците на Единицата за брзо распоредување, Единицата за специјални задачи и Посебната единица за поддршка од денеска веќе ја користат комплет опремата, која опфаќа по 1.500 парчиња спортски патики, комплет дресови, комплет тренерки и спортски јакни, зимски спортски ракавици и спортски торби, за кои била реализирана предметната јавна набавка.
– Концептот за унапредување на материјално-техничките услови за работа на сите припадници на полициските служби, како и подобрување на нивната социоекономска позиција е меѓу највисоките приоритети за раководството на Министерството за внатрешни работи во последните две и пол години, со цел реално востановување на модерна, опремена, професионално подготвена, но и задоволна полициска служба, согласно сите европски полициски стандарди, истакнаа од Министерството