7
Министерството за внатрешни работи отворило постапка за ТОЕФЛ-сертификатот на директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, објави „360 Степени“, повикувајќи се на одговор добиен од МВР.
„Ве известуваме дека од страна на Министерството за внатрешни работи оформен е предмет кој е предаден во надлежност на ОЈО Скопје за понатамошно постапување. Од таа причина Ве молиме за дополнителни прашања да се обратите до надлежното ЈО“, одговориле од МВР.