731
Откриена е лабараторија за производство на марихуана, околу 200 саксии со насади, филтри за воздух и друга опрема за производство и околу два килограми марихуана, се вели во соопштението на МВР.
-Денеска полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија со дрога и оружје, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во викенд куќа на Н.З. (47) во с. Градмановци, Катланово. Н.З. е приведен и против него, по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, велат од МВР.