Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека сопственикот на Сектор, Огнен Узуновски Оги, бил уапсен во вчерашната полициска акција, затоа што се спротивставил на полицијата.
„О.У (44) од Скопје, сопственик на угостителскиот објект, одбил да ја почитува наредбата издадена од полициските службеници и се спротиставил на превземање на службени дејствија“, велат од МВР.
Како што соопштија денеска од таму инспектори на Државниот инспекторат за труд синоќа утврдиле дека објектите, каде било влезени, немаат лиценца за работа, односно дека работат без соодветна документација за вршење на угостителска дејност издадена од Министерство за економија на Република Македонија.
Од страна на УЈП во два угостителски објекти, пак, е констатирана разлика во прометот во готово и прометот во фискалните каси , по што на истите им е изречена забрана за вршење дејност во траење од 15 денови.