616
Од МВР информираат дека синоќа одзеле шест возила, со што спречиле и оддржување на „дива трка“.
-Вчера, околу 21.40 часот на ул. Бојмија во Скопје полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје одзедоа шест возила, поради учество во т.н. диви трки. Возилата ќе бидат однесени во Станица за технички преглед каде ќе им биде извршен вонреден технички преглед и против сопствениците ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Министерството за внатрешни работи и во наредниот период продолжува со мерките и активностите со цел да се обезбеди побезбеден сообраќај,велат од МВР.