МВР: Немаме издадено пасош на Радоје Звицер

by Fokus

По соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, каде тврдат дека МВР издало пасош на мафијаш, кој планирал атентат врз српскиот претседател Александар Вучиќ, од МВР се произнесоа со демант.

„Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира дезинформациите пласирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека на извесен Радоје Звицер, му бил издаден македонски пасош. Потсетуваме и дека случајот „двојник“ е расчистен и за тоа веќе се изречени и судски пресуди, а сите патни исправи поврзани со оваа истрага се поништени во управна постапка и истите не се валидни односно не можат да се користат“, велат од МВР.

 

Поврзани новости