МВР нема ниту да го апси, ниту да го испорачува Миленкоски

by fokus

Дипломатот Миле Миленкоски кој деновиве беше ослободен од екстрадициски притвор во Ниш, во земјава влегол легално на граничниот премин Табановце, велат од Министерството за внатрешни работи за Фокус.

Иако по него беше распишана меѓународна потерница, Министерството за внатрешни работи нема да го уапси ниту да го испорача во Еременија, земја која распиша потерница по Миленкоски каде тој се сомничи за извлекување на македонскиот државјанин Бранислав Димитријевиќ.

МВР се повикува на член 52 став 1 од Законот за меѓународна соработка во Кривична материја, според којшто еден од условите некој да биде испорачан од Македонија во друга земја, е лицето да не е државјанин на Македонија.

-Миленкоски влегол легално на Граничниот премин Табановце затоа што Република Северна Македонија не постапува (како и секоја држава) по меѓународни потерници кога се во прашање нејзини државјани, а согласно член 52 став 1 од Законот за меѓународна соработка во Кривична материја, велат од МВР за Фокус на нашите прашања дали ако против Миленкоски е се уште активна меѓународна потерница, тој требало да биде упасен и испорачан.

Јавноста за ерменската афера дозна откако Миленкоски беше приведен во Србија по меѓународна потерница распишана од Ерменија. Тој таму бил осомничен за извлекување на македонскиот државјанин Димитријевиќ кој пак има обвинение во Ерменија.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости