455
Категорично ги отфрламе како невистинити инсинуациите дека врз полициската службеничка е вршен било каков притисок од раководството на МВР во врска со овој настан, реагирше попладнево Министерството за внатрешни работи откако дел од јавноста почна да се сомнева дека некој и наложил на полицајката која беше нападната од функционерот на ДУИ, Бекир Асани да каже дека нападот бил само вербален.
Министерството за внатрешни исто така, категорично ги отфрли, како што велат оттаму, шпекулациите во дел од јавноста дека врз полициската службеничка, Јасмина Јаначковска, било извршено физичко насилство.