МВР најавува санкции за журката пред Музејот на современа уметност

by fokus

Министерството за внатрешни работи постапува во врска со синоќешната журка пред Музејот на современа уметност, на која учествувале голем број присутни, кои не носеле ниту маски ниту пак била обезбедена дистанца, а за која објави  порталот А1.он. Се најавуваат казни за непочитувањето на мерките за заштита од ковид – 19, имајќи предвид дека според важечките мерки, забави со диџеј се уште се забранети.

Директорката на Музејот на современа уметност, Мира Гаќина за А1он, вели дека настанот, кој е дел од соработката со Музејот на Македонија, бил најавен и организиран според протоколите, а диџејот не правел журка туку имал перформанс. Настанот е дел од Меѓународното биенале на мали уметници „Страст за лутање“ кое почна во средата.

Поврзани новости