Вчера (03.10) на подрачјето на Секторите за внатрешни работи Битола и Штип продолжија превентивните активности на полициските службеници – насочени кон темите од областа на безбедноста во сообраќајот, заштитата од пожари на отворено, како и во рамки на кампањата „Слави со срце, не со оружје“.
На подрачјето на СВР Битола, односно во Прилеп, во основното општинско училиште „Кире Гаврилоски“ и во Крушево беа спроведени сообраќајни превентивни акции наменети за децата, како и за возачите, а пак во Демир Хисар превентивните активности беа посветени на заштита на шумите од пожари.
Во Штип, пак, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип во угостителските објекти на подрачјето на градот реализираа активности во врска со кампањата „Слави со срце, а не со оружје“.