532
Министерството за внатрешни работи денеска демантира дека припадниците на обезбедувањето на поранешниот премиер Никола Груевски упаднале во „ТВ21“. Тие, како што се наведува во соопштението, дејствувале согласно планот и задачите.
„Припадниците од Министерството за внатрешни работи кои се дел од Одделот за обезбедување во текот на вчерашниот ден постапуваа согласно планот и задачите. Заради оперативните сознанија кои ги имаат за потенцијални ризици службените лица легитимирале еден граѓанин кој без да се идентификува започнал да снима“, стои во демантот.