Министерството за внатрешни работи вечерва ги демантираше информациите дека за безбедноста во сабота кога ќе се одбележува 151-годишнината од раѓањето на Годе Делчев ќе бидат ангажирани и бугарски полицајци.
-Станува збор за комплетна дезинформација и извртување на факти, имајќи ги предвид соопштенијата кои деновиве, во пресрет на чествувањето на роденденот на Гоце Делчев ги сподели МВР со јавноста, како и неколкуте медиумски гостувања на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски токму на оваа тема, што за еден новинар, кој без да праша, а притоа пласира небулози криејќи се зад потписот „Администратор“ е недозволиво и срамно, реагира МВР на пишувањата на портаролот „Макпрес“.
Од МВР потенцираат дека македонската полиција постапува самостојно, по претходно изготвен оперативен план и е подготвена во целост, не само за овој настан, туку и за сите настани, да направи сѐ за да ги сочува мирот и стабилноста на државата и граѓаните.